Мечот од Ла Лига меѓу Виљареал и Барселона ќе се игра во Мајами!?

Управниот одбор на Шпанската фудбалска федерација утре треба да донесе дозвола мечот меѓу Виљареал и Барселона на 20 декември да се одигра во Мајами.

Ла Лига за пари кои не им требаат е подготвена да ја уништи вековната традиција и меч од домашното првенство да се игра во друга земја.

Тоа значи дека Виљареал би имал еден меч помалку на домашен терен во новата сезона, а сопствениците на сезонски билети исто така би имале натпревар помалку во понудата.

Федерацијата утре на состанок треба да даде зелено светло на ова барање од Ла Лига, по што ќе се започне процедура за добивање на дозвола од останатите фудбалски институции.

ФИФА неодамна одобри дозволување натпревар во било кое првенство да се игра надвор од земјата.

Ако Шпанската федерација даде зелено светло, следно е да се добие дозволата од ФИФА која би требало да биде формалност.

Потоа треба да се изјаснат и другите вклучени федерации како УЕФА и КОНКАКАФ.

Дали конечно ќе им успее меч од домашно првенство да се одигра во странска држава за пари, останува да се види. Но, ова е нешто кое не им се допаѓа на вистинските љубители на фудбалот.