Јокиќ мораше да покаже легитимација за да го пуштат во сала! (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар во светот се најде во чудна ситуација, требаше да покаже идентификација за да го пуштат во салата во Кипар каде што Србија играше пријателски меч со Грција.

Дали девојката од обезбедувањето не го познава или само слепо ја прати процедурата, не може да се каже, но на Јокиќ му падна чудно кога таа му побара легитимација за да го пушти во салата.

Јокиќ ја извади легитмацијата и трпеливо чекаше да го проверат па да влезе.

Видеото може да го видите на овој ЛИНК.