
Дончиќ во проблем - има автомобил од 2 милиони евра, а не може вратата да си ја отвори! (ВИДЕО)
Познато е дека Дончиќ е колекционер на скапи автомобили. Тој периодов вози електричен хиперавтомобил Римац Невера кој чини околу 2 милиони евра.
Се работи за електричен спортски автомобил со неверојатни перформанси од хрватскиот производител Римац Автомобили. Невера од 0 до 100/км/ч забрзува за неверојатни 1,8 секунди, а до 300 км/ч стигнува за нешто повеќе од девет секунди. Максималната брзина на овој автомобил изнесува 412 км/ч.
Но, по мечот со Германија Дончиќ се најде во незгодна ситуација. Сакаше да си замине од гаражата, но не можеше да ја отвори вратата на својата Невера бидејќи соседниот автомобил му беше паркиран ептен блиску до него.
Тој нервозен се јавуваше на телефон обидувајќи се што побрзо да си ја реши ситуацијата, а, случајни минувачи го снимаа, па се појавија видеа на социјалните мрежи.