Македонската репрезентација го освои 22. место на Европското првенство

Женсата кадетската ракометна репрезентација со убедлив пораз го заврши настапот на Европското првенство.

Во борбата за 21. место, нашите ракометарки загубија со 25-40 што е петти пораз во осмиот натпревар на шампионатот. Голем дел од работата Романките завршија во почетната фаза од мечот, имајќи предвид дека по 20-тина минути игра, веќе водеа со 14-3. На полувреме беше 22-10, а во вториот делн македонската репрезентација ниеднаш не симна на едноцифрена негатива.

Ања Лашкоска со седум гола беше најефикасна во нашиот тим, Марија Димоска додаде пет, а Ивана Трифуноска и Мила Ристовска по четири. Во конечниот пласман, полошо пласирани од македонската репрезентација се само Турција и Фарски Острови, единствени кои ги победивме на овој шампионат.