Ѓоковиќ доби трета казна поради дивоградба во Шпанија

Шпанските власти повторно го казнија српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, и тоа по трет пат за ист проблем, односно дивоградба.

Уште од февруари, општината повеќе пати барала од неговото семејство да направи легализација или да ги отстрани деловите од вилата кои не се изградени по закон.

Поради тоа што семејството Ѓоковиќ не ги исполни барањата, општината реши да му изрече нова казна, па така Србинот ќе мора да плати вкупно 15.000 евра.

Ѓоковиќ претходно доставил два документи за да докаже дека не е виновен, меѓутоа општината смета дека обврските не се исполнети.