Екитике по само четири минути погоди за Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул води во дуелот против Кристал Палас во Комјунити Шилд, откако во четвртата минута во листата на стрелци се запиша Хуго Екитике.

Флоријан Вирц му асистираше на Екитике, кој без проблеми ја затресе мрежата на ривалот од Лондон.

Двајцата фудбалери пристигнаа како големи засилувања за Ливерпул и блеснаа во првиот официјален меч за премиерлигашот.

Фото: Facebook/Liverpool FC