Пропаѓа најголемиот трансфер ова лето, Исак добил јасна порака

Екипата на Ливерпул во изминатиот период се обидува да дојде до потписот на Александар Исак од Њукасл, но според последните информации оваа желба на Арне Слот тешко ќе се исполни.

Имено, според информациите на „Телеграф“, Њукасл ги стопирал сите преговори и на Швеѓанецот му порачале дека ова лето ќе остане на „Сент Џејмс Парк“.

Одлучноста на Њукасл да го задржи ја покажува и последната одбиена понуда која изнесувала 140 милиони евра, сума која би го направила Исак најскап фудбалер ова лето.

„Ова лето не одиш никаде“, наводно му порачале на Исак, тврди „Телеграф“.

Ќе потсетиме, Исак претходно оваа недела и не тренираше со првиот тим поради притисокот кој го правел на управата за да се пресели на „Енфилд“.

Причината која Њукасл сака да го задржи Исак е што не успеа во намерата да договори негова адекватна замена.

Фото: Newcastle United/X