
Јокиќ на чекор од трипл дабл, Србија ја растури БиХ со 37 разлика
Мечот не беше од јавен карактер, па немаше објавено ни официјална статистика од него, но денеска српските медиуми открија детали од неа. Очекувано, доминирал Никола Јокиќ кој бил на чекор од трипл дабл со 20 поени, 19 скока и 9 асистенции, Петрушев постигнал 20, а Вукчевиќ 14 поени.
Кај Босанците, Амар Алибеговиќ завршил како прв стрелец со 22 поена, еден повеќе од Џанан Муса.
Србите вечерва ќе одиграат уште еден подготвителен натпревар, против Полска исто така од затворен карактер, а во текот на викендот ќе учествуваат на турнир на Кипар, заедно со домаќинот и со Грција.