Славески остана без појас – по дивовска борба првпат поразен во бокс со голи раце (ВИДЕО)

Македонскиот борец, Горјан Славески, го претрпе својот прв пораз во Првенството во бокс со голи раце (БКФЦ), откако го загуби ноќешниот мечот за светската титула во велтер категорија од искусниот Џулијан Лејн на БКФЦ 79 во САД.

Во борбата што се одржа на култниот „бафали Чип“ камп во Стерџис (Јужна Дакота), популарниот Гого издржа пет жестоки рунди против Лејн, но беше во нокдаун во третата и петтата рунда, што влијаеше на судиската одлука. Тој загуби со едногласна одлука на судиите во корист на неговиот противник (49-44, 49-44, 48-45). Славески, кој е роден во Скопје, но се натпреварува од Мајами и покрај поразот останува еден од најперспективните борци во ова аконкуренција, со досегашен биланс од шест победи и само еден пораз во БКФЦ.

 

 

Ова беше борба за шампионскиот појас односно за титулата која беше испразнета, а мечот привлече големо внимание како дел од еден од најголемите спортско-забавни настани во САД – мото рели собирот Стурџис.