
Меси организира турнир во Мајами - ќе настапат надежите на осум гиганти!
На овој турнир ќе играат младински тимови на осум клубови, тој ќе биде за деца до 16 години.
Ќе настапат тимовите до 16 години на Интер Мајами, Барселона, Манчестер Сити, Ривер Плата, Интер, Њуелс Олд Бојс, Атлетико Мадрид и Челси.
Од оваа листа може да се забележи дека Меси ги поканил Барселона и Њуелс Олд Бојс како клубови со кои го врзува минатото, но не е повикан ПСЖ каде што Аргентинецот исто така настапуваше.