Помрачување на европскиот шампион: Дубаи го разнесе Фенербахче

Актуелниот европски шампион Фенербахче го доживеа третиот пораз во низа во Евролигата откако вечерва на домашен терен загуби од Дубаи.

Дебитантот во Евролигата му одржа лекција на турскиот тим, совладувајќи го со 93-69 за еден од најтешките порази на Фенер пред своите навивачи. По четири одиграни натпревари, тимот на Шарунас Јасикевичиус има биланс 1/3, а единствениот триумф го оствари во воведното коло, против Париз.

Прва ѕвезда на денешниот натпреввар беше канадскиот интернационалец Јабенгеле кој постигна 26 поени, а интересно е тоа што Дубаи ги имаше најдобрите четворица стрелци на мечот. Со 12 поени, најефикасен кај Фенербахче беа Болдвин и Колсон.