Херојот на Албанија не ја добил казната поради „летањето орли“!

Албанија ја шокираше Србија среде Лесковац, а клучен за победата беше Реј Манај кој го постигна победничкиот гол. Албанците со овој триумф дојдоа на чекор до бараж.

Но, начинот на кој го прослава голот Манај предизвика многу реакции. Тој „леташе“ орли пред клупата на Србија, поради што доби жолт картон.

Претседателот на Фудбалската федерација на Албанија вели дека казната не се однесува за симболот.

„Манај беше казнет заатоа што славеше пред клупата на противничката екипа и тоа судијата го оцени како непримерно однесување. Симболот кој го прикажуваше не беше причина за казна бидејќи го истакна само симболот на својата држава и тоа е дозволено“, изјави претседаелот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука.