
Повредите не ја запреа Звезда: Жалгирис првпат поразен оваа сезона
Белграѓани одиграа одличен меч и покрај големите проблеми со повредени кошаркари. Со триумфот ја прекинаа серијата од пет порази во дуелите со литванската гордост, но во исто време првиот пораз на Жалгирис оваа сезона во Евролигата. Голем придонес за победата дадоа фантастичните навивачи кои направија одлична атмосфера во која Жалгирис не успеа да се снајде.
Блесна Нвора со 24 поени, голем дел во важните моменти од последната четвртина кога се кршеше резултатот. Се истакнаа и Монеке и Мотиејунас со по 13 поени, па Звезда сега има биланс 2/2. Жалгирис и натаму е на делба на првото место на табелата, со 3/1.