Стерлинг може да направи трансфер каков што никој не очекува

Некогаш еден од најдобрите крилни фудбалери во светот, Рахим Стерлинг кариерата би можел да ја продолжи во Трабзонспор кој покажа голем интерес да го доведе во своите редови.

Стерлинг е под договор со Челси каде што се врати ова лето по позајмицата во Арсенал, но тренерот Мареска не смета на неговите услуги.

Челси наводно веќе започнал преговори со турскиот клуб, а вредноста на пазарот на Стерлинг изнесува околу десет милиони евра.

Неговиот договор со „сините“ е со важност до јуни до 2027 година и можеби ова е последна можност да извлече одредена сума од неговото замиување.

Со Стерлинг претходно летово се поврзуваа: Фулам, Јувентус и Кристал палас, меѓутоа за разлика од нив Трабзон е многу по сериозен во својата намера.

Стерлинг има 30 години и најдобриот период од кариерата го помина во Ливерпул и Манчестер сити, додека за репрезентацијата на Англија собра 82 натпревари во кои постигна 20 погодоци.

Фото: Arsenal/X