„Ако бидеме подобри на средината, ќе ја победиме Лозана“

Екипата на Вардар се подготвува за реваншот против Лозана на гостински терен откако дома славеше победа со 2-1, а пред овој дуел зборуваше и фудбалерот Данел Донгмо.

Според Донгмо клучна ќе биде битката на средината на теренот и ако Вардару успее тука да бидде подобар, според него ќе слави победа.

„Првиот натпревар беше одличен, мора да го повториме истото и да победиме во Лозана за влез во следното коло. Мислам дека најсилна страна на Вардар е средниот ред. Ако ја добиеме битката на средината од теренот, мислам дека ќе победиме“ изјави Камерунецот.

За Вардар добра вест е што во реваншот ќе може да смета и на искусниот Горан Закариќ. Натпреварот во Лозана е закажан за в четврток во терминот од 20:15 часот.