
Некој добро ги изиграл: Индијците се пофалија со Пеп и Чави, па зажалија!
Имено, откако Маноло Маркез поднесе оставка до Фудбалскиот сојуз на Индија пристигнале вкупно 170 пријави, меѓутоа две посебно се издвојувале бидејќи станувало збор за големи тренерски имиња.
Директорот на Фудбалскиот сојуз на Индија минатата ндела дури и јавно зборуваше дека Чави е заинтересиран за месстото селектор и додаде дека пријавата на конкурсот пристигнала од официјалниот мејл на шпанскиот стратег, но исто така истакна дека таа не била разгледана од „финансиски причини“.
Но, на крајот се покажа дека најдобро било ништо да не зборувале на оваа тема.
„Фудбалскиот сојуз на Индија доби пријави на конкурсот од двајцата шпански тренери, Чави Ернандез и Пеп Гвардиола, но во меѓувреме се покажа дека станува збор за лажни пријави“, објавија од Фудбалскиот сојуз на Индија во новото соопштение.
Според последните информации тројца фаворити за селекторската позиција во Индија се: Поранешниот индиски фудбалер Калид Јамил, поранешниот селектор на оваа земја Стивен Константин и поранешниот предводник на Словаачка, Стефан Тарковиќ.