
„Бомба“ од Белград: Ц. Звезда во преговори со Американец кој шест сезони играше во НБА
Ц. Звезда испрати понуда за искусниот кошаркар, кој во НБА-лигата пристигна во 2018 година, а притоа шест сезони играше против најсилните, односно го носеше дресот на Шарлот хорнетс, Њу Орлеанс пеликанс и Сан Антонио спарс.
Минатата сезона ја помина во филијалата на Лос Анџелес Лејкерс, а тоа е Саут беј, по што Американецот реши да ја продолжи кариерата во Европа.
Фото: EPA PHOTO