Исак има луда понуда од С. Арабија, но одбира вистински фудбал наместо пари!

Ѕвездата на Њукасл, Александер Исак е на излезна врата од клубот, сака преселба во нова средина каде ќе има нов предизвик, понуди има од Саудиска Арабија, но тоа не е опција за него.

Според „Гардијан“, Исак има понуда од Ал-Хилал од 700.000 евра неделно, но напаѓачот одбил. Не сака да се пресели во Саудиска Арабија, сака да остане во Европа и да продолжи да игра на највисоко ниво.

Се шпекулира дека Ливерпул ќе биде неговиот нов клуб, црвените ќе треба добро да го одврзат ќесето, но како шампиони на Англија би требало да го направат тоа.

Сумата која ќе треба да му ја платат на Њукасл за да го добијат Исак изнесува неверојатни 150 милиони евра.