
Додека чека трансфер, Миовски освои трофеј со Жирона!
Жирона победи во Купот на Каталонија откако на пенали беше подобра од Еспањол, мечот во регуларниот тек заврши без голови.
Миовски го играше второто полувреме. Постигна и гол во пенал серијата која Жирона ја доби со 5-4.
Се шпекулира дека Миовски ќе се врати во Шкотска, заинтересирани за него се Ренџерс и Селтик, а не се исклучува ниту враќање во Абердин.