„Добро е што имавме мотивиран голман, инаку Шкендија ќе ни дадеше уште неколку гола!“

ФЦСБ загуби со 0-1 од Шкендија во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, но резултатот можеше да биде уште полош за романскиот тим доколку не беше одличниот голман Стефан Тарновану.

Тренерот на ФЦСБ, Елиас Караламбус ја призна немоќта на неговите избраници против македонскиот фудбалски шампион и посочи дека имале среќа што негативата по овој меч е само еден гол.

„Не одигравме добар натпревар во Скопје. Добро е тоа што имавме мотивиран голман, инаку Шкендија ќе ни дадеше уште неколку гола. Се надевам дека ќе победиме во реваншот. Честитки до Шкендија, заслужија триумф“, кажа Караламбус.

Реваншот меѓу ФЦСБ и Шкендија се игра на 30 јули од 19.30 часот во Романија.

Фото: Facebook/FCSB