Дејан Богданов доби доверба и во наредните четири години да ја води Боречката федерација!

Денеска на редовното собрание на Боречката федерација на Македонија му беше дадена довербата на актуелниот претседател Дејан Богданов да остане на кормилото и во наредните четири години.

Федерацијата објави дека по разгледување на сите точки од дневниот ред, по извештајот за четиригодишната работа и сите пофалби и критики била донесена одлука за продолжување на мандатот на Богданов.

„Правилниот начин на работа, многу труд , коректноста, жртвата за Боречката Федерација, но и за управниот одбор , тренерите, спортските работници како и спортистите и спортистките на досегашниот претседател Дејан Богданов излегоа на виделина! Денес на задолжителното изборно собрание за избор на претседател на Федерацијата по прегледување на сите точки од дневниот ред, по извештајот за четиригодишната работа на досегашниот претседател, по сите критики и пофалби се донесе одлука мандатот на досегашниот претседател Дејан Богданов да биде продолжен! Нека ни се честити уште четири години работа и успех по досегашниот пат“, соопшти Федерацијата.