Модриќ доби наследник: Познато кој ќе ја носи „десетката“ во Реал Мадрид

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ си замина ова лето од Реал Мадрид ја остави „десетката“ слободна, меѓутоа таа веднаш ќе добие нов сопственик, а тоа е Килијан Мбапе.

„Л’Екип“ објави дека повеќе нема дилеми за наследникот на Модриќ, односно на „десетката“, па така во иднина Мбапе ќе има чест да го носи тој број на дресот.

Во историјата голем број легенди ја носеа „десетката“, меѓу кои беа Модриќ, Луис Фиго, Месут Озил, Робињо, Кларенс Сидорф и други.

Фото: EPA PHOTO