
Ретеги и официјално стана најскап Италијанец – ја преполни касата на Аталанта!
И покрај интересот од низа врвни европски клубови, 25-годишниот напаѓач се реши за богатата понуда од Блискиот Исток. Според договорот, во наредните три години ќе инкасира по 20 милиони евра по сезона.
Ретеги зад себе има импресивна сезона, во која со 28 постигнати голови беше најдобар стрелец во Серија А. Пред да го облече дресот на Аталанта, настапуваше за Џенова, како и за неколку клубови од Аргентина - Тигре, Талерес, Естудијантес и Бока Јуниорс.
ФОТО: EPA PHOTO