Спартак Трнава, Спарта и Астана меѓу потенцијалните ривали на Вардар ако помине во третото коло

УЕФА денеска ги подели екипи во групи пред ждрепката за третото квалификациско коло од Конференциската лига што ќе се одржи во 14 часот.

Вардар е единствен преостанат македонски клуб во ова натпреварување и ќе треба да ја помине Лозана за да стигне до третото коло. Како потенцијални ривали има екипи со кои се среќавал во минатото и нема добро искуство: чешка Спарта Прага од која беше елиминиран во третото квалификациско коло за ЛШ во 2003 година и Спартак Трнава која беше подобра пет години претходно. Тука е и Астана која неколку пати учествуваше во групната фаза од Лигата на шампионите.

Својот потенцијален ривал во третото квалификациско коло, Вардар ќе го добие од следните двојки: Актобе-Спарта, Омонија-Торпедо Кутаиси, Зимбру-Астана, Рига-Дила Гори и Хибернијанс-Спартак Трнава.