
Конечно заврши сагата: Ѓокереш има нов клуб!
Сагата меѓу него и лондонскиот клуб траеше уште од завршувањето на последната сезона, но проблеми правеше Спортинг кој не ја прифаќаше понудата. На крајот, двата клуба се согласија за отштета од 63,5 милиони евра, плус 10 милиони во бонуси, а агентите на Ѓокереш мораа да прифатат помали провизии за зделката да помине.
Швеѓанецот треба да биде големо засилување за Арсенал имајќи предвид дека последната сезона беше најефикасен фудбалер во европскиот фудбал. За него беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но Ѓокереш беше латегоричен дека сака само во Арсенал.