Меси како во најдобрите денови - петти пат сезонава е МВП на колото

Аргентинскиот волшебник Лионел Меси не престанува да воодушевува и на 38-годишна возраст и покрај тоа што игра во релативно слаба лига.

Во последните седум кола од МЛС тој забележа 12 гола и седум асистенции, па како резултат на тоа стигнуваат индивидуалните признанија. Денеска тој е прогласен за МВП на колото во американскиот шампионат што е петта таква награда за оваа сезона. Ако се знае дека досега се одиграа 26 кола (Интер Мајами има одиграно 21 натпревар), тој е добитник на речиси една петина од овие признанија. Воедно, тој е прв играч во историјата на МЛС кој во две различни сезони, барем по пет пати бил прогласуван за МВП на колото.

Следна цел на Меси ќе биде да го надмине личниот и рекорд на МЛС кој изнесува шест МВП признанија во една сезона. Овој рекорд го дели заедно со Карлос Вела во 2019 и Џејсон Крис во 1999 година.

На 14 кола пред крајот на основниот дел од сезоната, Меси е најдобар стрелец во МЛС и веќе има дабл дабл со 18 гола и 10 асистенции.