Несторовски се повреди и ќе го пропушти почетокот на сезоната

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски се повредил за време на подготовките за новата сезона, а тоа значи дека нема да може да му помогне на Славен Белупо на стартот.

Тренерот Марио Грегурина зборуваше за подготовките на хрватскиот тим, но и за дел од фудбалерите кои се соочуваат со проблеми.

„Тренинзите се тешки, ритамот е напорен. Несторовски ќе биде отсутен две недели поради повреда“, откри Грегурина.

Новата сезона за Славен Белупо почнува на 3 август против Риека, а Несторовски се очекува да го пропушти натпреварот.

Фото: Facebook/NK Slaven Belupo