Галатасарај се договори со Наполи - ќе плати 75 милиони евра за Осимен!

Турскиот гигант Галатасарај по долги преговори со Наполи конечно постигна договор за трансфер на искусниот напаѓач Виктор Осимен.

Екипата од Истанбул ќе плати 40 милиони евра веднаш, како и 35 милиони евра во рок од една година за услугите на напаѓачот.

Италијанскиот шампион, исто така, ќе добие пари и по одреден број на голови кои ќе ги постигне Осимен, но и 10 отсто од следната продажба.

Во договорот меѓу двете екипи има и специјална клаузула според која Галатасарај не смее да го продаде Осимен на италијански тим во следните две години.

Фото: Facebook/Galatasaray