Познати се деталите: Рашфорд се жртвувал само за да потпише со Барселона

Барселона се договори со Манчестер јунајтед за позајмица на англискиот фудбалер Маркус Рашфорд, а новинарот Фабрицио Романо ги објави деталите.

Барселона се согласила да исплати вкупно 14 милиони евра за да се покрие целосно платата на Рашфорд и неговите бонуси, додека Англичанецот решил да се „жртвува“ и да прифати намалување на платата за 15 проценти.

Доколку каталонскиот гигант е задоволен од настапите на Рашфорд, ќе може да го откупи договорот на фудбалерот за 30 милиони евра, колку што изнесува клаузулата во договорот.