Хаос пред стартот на Суперлигата: „Гробари“ ги нападнале „Делии“ во Белград (ВИДЕО)

Денеска почнува српската Суперлига во фудбал, а пред вечерашниот меч меѓу Црвена Звезда и Јавор се случил инцидент среде Белград.

На социјалните мрежи се појавија снимки од инцидентот, а српски „Телеграф“ пишува дека „Гробари“ ги нападнале „Делии“ во населбата Бањица.

Според неофицијални информации, во пресметката се користеле и тврди предмети.