Никола Јокиќ предизвика еуфорија во Кина - доби коњска глава како подарок (ВИДЕО)

Српската кошаркарска ѕвезда и член на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, деновиве е во Кина во рамки на промотивна турнеја на неговиот личен бренд спортски патики.

Најкорисниот играч на НБА лигата наиде на исклучително топол прием од локалното население. Илјадници обожаватели го пречекаа со транспаренти, подароци и аплаузи, покажувајќи му несебична поддршка и восхит. Меѓу највпечатливите подароци што ги доби Јокиќ се истакна оригинална фигура во облик на коњска глава, изработена целосно од патиките што самиот ги промовира. Овој гест симболично ја претставува неговата добро позната љубов кон коњите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BasketNews (@basketnews)

По завршувањето на турнејата, се очекува Јокиќ да ја соопшти конечната одлука околу учеството во српската репрезентација за претстојното Европско првенство, а навивачите со нетрпение го очекуваат неговото „да“ за селекторот Светислав Пешиќ.