
Миовски и Варди треба да бидат ударната игла на Ренџерс!
По лошата сезона со Жирона, Бојан Миовски најверојатно ќе се врати во Шкотска каде најдобро знаат за каков напаѓач станува збор.
Селтик долго време се поврзуваше со Миовски, но шкотските медиуми пишуваат дека работата е променета и нивниот ривал Ренџерс е многу поблиску до ангажман на Македонецот.
Покрај Миовски во Ренџерс работат и на ангажман на Џејми Варди кој по завршувањето на минатата сезона замина од Лестер како вистинска легенда.
Желбата на шкотскиот тим е да ги имаат и Миовски и Варди во нападот за следната сезона и веруваат дека тие ќе функционираат одлично во тандем.