Исак падна во втор план: Ливерпул се договори со ѕвезда од Бундеслигата

Англискиот шампион Ливерпул долго време се обидуваше да постигне договор со Њукасл за услугите на Александер Исак, меѓутоа барањата на ривалот од Премиер лигата се високи, па поради тоа тренерот Арне Слот се насочи кон друг напаѓач.

Ливерпул постигна договор со талентираниот напаѓач Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт, а веднаш потоа испрати и прва понуда до бундеслигашот.

Екитике ги договори сите лични услови со Ливерпул, иако за него беше заинтересиран и Њукасл, а во следниот период се очекува „црвените“ да постигнат договор и со Ајнтрахт.

Французинот минатата сезона настапи на 48 натпревари за Ајнтрахт и притоа постигна 22 голови и 12 асистенции.

Фото: Facebook/Liverpool FC