Ѓорческа немоќна против Марчинко во осминафиналето во Рим

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа загуби од Петра Марчинко со 0-2 во сетови, односно 2-6 и 4-6 во осминафиналето на турнирот во Рим.

Ѓорческа имаше добар почеток на мечот и брејк на сервисот на Марчинко за водство од 1-0, но потоа Хрватката успеа да направи дури три брејка по ред и да слави со 6-2.

Марчинко повторно прва го изгуби својот сервис во вториот сет и Ѓорческа поведе со 4-2, но набрзо успеа да го повтори сценариото од првиот сет и со два брејка да стигне до 6-4.