
Реал Мадрид брзо „заборави“ сѐ што Модриќ направи за клубот (ФОТО)
Хрватскиот ветеран во текот на вчерашниот ден ги заврши медицинските прегледи и со италијанскиот гигант се обврза на едногодишна соработка со опција истата да биде продолжена на уште една година.
Низ годините во Реал Мадрид, Модриќ стана најтрофеен фудбалер во историјата на клубот и одигра речиси 600 натпревари, а освои 28 трофеи, вклучувајќи и шест во Лигата на шампоните. Исто така стигна и до најпосакуваното индивидуално признание „Златната топка“.
Сепак и покрај длабоката трага која ја остави во Мадрид, „кралевите“ веднаш по неговото заминување престанаа да го следат на социјалните мрежи и тоа предизвика реакција помеѓу навивачите.
Фановите брзо ја забележаа промената и нагласуваат дека Лукас Васкез кој исто така замина ова лето и понатаму е на листата.
Le Real Madrid vient d'unfollow Luka Modric sur Instagram. 😳👋
— Foot Radar (Journal) (@_FootRadar) July 15, 2025
Le club ne respecte pas ses légendes. 💀 pic.twitter.com/LltfOa7SKf