Драма во Германија: Српски фудбалер колабирал на тренинг

Српскиот фудбалер и член на Бохум, Ерхан Масовиќ каде што настапува и македонскиот дефанзивец Агон Елези ги загрижил сите во клубот откако колабирал на тренингот одржан во петокот.

Според информациите од клубот, Масовиќ се жалел на болки во хотелот во Бед Аиблинг во петокот навечер и бил хоспитализиран, поради тоа и го пропуштил вчерашниот контролен натпревар на Бохум против Плзен.

За среќа последните информации говорат дека неговата здравствена состојба е стабилна.

„Благодарение на брзата реакција на клупскиот и медицинскиот тим избегнати се потешки последници. Со помал хируршки зафат и поставување на триканален дрен неговите бели дробови се повторно во нормална функција. Дијагнозата сите не изненади и шокираше. Кај вакви повреди се останато паѓа во втор план. Ерхан ја добива најдобрата медицинска нега и се надеваме дека наскоро ќе може да ја напушти болницата“, сооопшти Бохум.

Низ кариерата Масовиќ собра и пет настапи за српската репрезентација, последниот го имаше во март минатата година.