Модриќ емотивно се збогува со Реал и порача: Се гледаме наскоро...(ФОТО)

Oд претходно е познато дека Лука Модриќ по 13 години заминува од Милан, а кариерата ќе ја продолжи во Серија А во редовите на Милан, а сега Хрватот преку социјалните мрежи се збогуваше со гигантот каде што ги помина најдобрите денови од кариерата.

Со Реал Мадрид, освои се што можеше да се освои и во Лигата на шампионите триумфираше дури шест пати, сепак на 40 години дојде време да се збогува со „кралевите“.

„Реал Мадрид, мојот дом цели 13 години. Ова не е збогум - се гледаме наскоро“, напиша Модриќ на неговиот Инстаграм профил под фотогафија на која го носи преку грб дресот со број „10“.

Според најавите во текот на наредната недела, Модриќ треба да го комплетира трансферот во Милан.

Фото: Real Madrid C.F/X