Челси добро ќе заработи: Петровиќ станува најскап српски голман

Eден од најдобрите српски голмани, Ѓорѓе Петровиќ ќе го напушти Челси, но ќе продолжи да брани во Премиер лигата бидејќи се сели во Бормут.

Според инфомациите на италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романо, Челси и Бормут се договориле за трансфер на голманот за сума од 29 милиони евра.

Во наредните неколку дена Петровиќ ќе ги помине медицинските лекарски прегледи, по што трансферот и официјално ќе биде потврден.

Петровиќ го напушти Челси со цел во Борнмут да биде прв голман, додека со сумата од 29 милиони евра ќе стане најскапиот српски голман во историјата.

Фото: Chelsea FC/X