Илиевски без странец и со многу млади кошаркари ќе биe битка со Унгарија и Романија!

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Маарјан Илиевски, денеска го објави поширокиот список со 26 имиња, кој ќе биде испратен во ФИБА за претстојните претквалификации за СП 2027, а на кој првпат по подолго време нема странец.

На листата на новиот предводник на националниот тим на листата се најдоа и Ненад Димитријевиќ, Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски и Андреј Маслинко, за кои изминатиот период се говореше дека од приватно односно здравствени причини нема да можат да помогнат на средбите следниот месец. Затоа, пак, тука е Андреј Јакимовски, повратникот од САД и нов член на силниот италијански тим Тренто, кој најавил подготвеност да ја презеде лидерската палка во избраниот тим. Илиевски, како што беше најавено, смета на уште еден повратник од НЦАА лигата, Лука Савичевиќ, како и неколку други млади и талентирани кошаркари, како Маарко Миловановиќ, Стефан Стојковиќ, Никола Јаничиќ, Марко Луканоски и Рубин Стефанов.

Почетокот на подготовките за претквалификацискиот циклус е закажан за в понеделник (14 јули) во салата СРЦ „Кале“, по што репрезентацијата ќе се пресели во Гевгелија каде што ќе одигра и два пријателски меча против Швајцарија. Македонија официјалните обврски ги почнува на 2 август и тоа во Куманово каде што ќе ја пречекаме селекцијата на Романија.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Андоновски – МЗТ Скопје Аеродром

Марко Миловановиќ – МЗТ Скопје Аеродром

Стојан Ѓуроски – Работнички

Дамјан Робев – Работнички

Виктор Ефремовски – Работнички

Амар Хот - Работнички

Андреј Шошкиќ - Работнички

Валмир Какруки – Чаир 2030

Адем Мекиќ – Бора (Косово)

Теодор Симиќ – Кожув

Страхил Николов – ТФТ

Лука Стојановски - Пелистер

Андреј Митревски – Феникс 2010

Стефан Стојковиќ – Феникс 2010

Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)

Кристијан Николов – Чеди Осман БК (Турција)

Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано (Италија)

Никола Јаничиќ – Водно Санс

Марко Луканоски – Игокеа (БиХ)

Лука Савичевиќ – Лафајет Леопардс (САД)

Андреј Јакимовски – Тренто (Италија)

Рубин Стефанов - Унибаскет Ланчиано (Италија)