
Миовски е поблиску до трансфер во Бундеслигата отколку до враќање во Шкотска
Миовски по една година престој во Жирона ќе го напушти шпанскиот клуб каде што не успеа да се наметне.
Се поврзуваше со враќање во Шкотска каде има интерес од Селтик, Ренџерс и Абердин. Но, се чини дека Македонецот ќе одбере нова дестинација.
Според шкотските медиуми, Миовски е поблиску до Бундеслигата отколку до враќање во Шкотска.
Наводно, интерес за Миовски има од Фрајбург и Хамбургер.