
Фенербахче на Мурињо му носи фудбалер кој играше за Реал Мадрид и ПСЖ!
Фенербахче и Мурињо се трудат да создадат конкурентен тим за шампионската титула, информациите од Турција велат дека тие се блиску до ангажман на Марко Асенсио.
Шпанскиот фудбалер ги договорил личните услови, а Фенербахче и ПСЖ ги пеглаат последните детали од договорот.
Асенсио најголемата слава ја доби во Реал Мадрид од каде во 2023 се пресели во ПСЖ, минатата полусезона ја играше на позајмица во Астон Вила каде беше еден од најдобрите во тимот.