
Падна договор: Арсенал купи засилување од Челси за 52 милиони фунти!
Арсенал за овој трансфер на Челси ќе му плати 52 милиони фунти. Во текот на денешниот ден ќе почне процедурата за официјализирање на зделката.
Мадуеке веќе се имаше договорено со Арсенал за петгодишна соработка.
Голем дел од навивачите на Арсенал беа против овој трансфер, дури потпишуваа и петиција, но клубот и Артета сметаа дека им е потребно едно вакво засилување.