
Замина во Саудиска Арабија, па веднаш удри по Милан: Тоа е клуб без амбиција!
Ернандез Милан го напушти по истекот на договорот откако клубот не сакаше да му понуди продолжување на соработката.
„Мојата одлука да заминам не беше лесна. Секогаш сакав да останам, Милан ми беше приоритет, но за жал таму сега работите зависат од една личност. Насоката во која оди клубот и некои одлуки од неодамна не ја одразуваат вредноста, ниту амбицијата која ме доведе тука. Дојде моментот да затворам едно поглавје. Заминувам со крената глава бидејќи секогаш давав се одд себе на теренот. Искрено се надевам дека Милан ќе дојде на местото на кое што треба да биде. Форца Милан засекогаш“, порача Ернандез.
Во дресот на Милан францускиот фудбалер одигра 262 натпревари во кои постигна 34 гола.