МТВ ќе го пренесува првиот европски меч на Вардар по пауза од - седум години!

Екипата на Вардар со триумфот во Купот на Македонија минатата сезона обезбеди настап во квалификациите за Конференциската лига, кои за црвено-црните почнуваат вечерва на домашен терен против екипата на Ла Фиорита (20.30 часот) од Сан Марино.

Ова ќе биде прв европски дуел за најтрофејниот македонски фудбалски колектив по пауза од седум години, кој освен за присутните на арената „Тодор Проески“ ќе биде достапен и за пошироката спортска јавност со оглед на најавениот директен пренос на МТВ-3. Последна европска епизода за вардарци беше квалификацискиот двомеч од Лига Европа против Пјуник во 2018 година, што значи вечерашниот меч ќе биде прв европски за нив по пауза од дури седум години.

Реваншот од двомечот против составот од третата најмала европска држава ќе се одигра за седум дена на теренот на противникот.