Голем талент на Реал Мадрид се сели кај Фабрегас во Комо

Италијанскиот тим Комо сака да создаде квалитетен тим за следната сезона, па така тренерот Цеск Фабрегас наскоро планира да ангажира засилување од Реал Мадрид.

Талентираниот Јакобо Рамон потекнува од младинската академија на „кралевите“ и веќе настапи за првиот тим на шпанскиот гигант, но не се очекува следната сезона да добие посериозна минутажа во гигантот од Мадрид, па затоа ќе оди на позајмица.

Рамон наскоро би требало да го засили Комо, а комплетирањето на ангажманот се очекува по Светското клупско првенство.