Галатасарај ќе ги урне сите рекорди во Турција поради Осимен!

Турскиот шампион Галатасарај е сериозен во својата намера наскоро да потпише договор со Виктор Осимен и така да го урне трансфер-рекордот во лигата.

Рекордот во моментот го држи Јусуф Ен-Незири, кој минатото лето потпиша за Фенербахче за 19,5 милиони евра, а Галатасарај сега планира да постави рекорд кој дефинитивно уште долго нема да биде надминат.

Галатасарај ќе плати околу 75 милиони евра за услугите на Осимен, а голгетерот најверојатно ќе потпише договор до 2030 година.

Целосната сума, сепак, би била исплатена на неколку рати до 2030 година, а останува да видиме дали Наполи е подготвен да плати таков предлог.

Фото: Facebook/Galatasaray