Трејд каков што НБА не памети – вклучени беа седум клубови!

Екипите на Феникс, Бруклин, Атланта, Голден Стејт, Лејкерс, Хјустон и Минесота учествуваа во трејд во кој најголемото име е Кевин Дурант, а сите вклучени нешто дадоа и нешто добија.

Тешко е да се објасни како целата зделка беше договорена. Дурант од Феникс оди во Хјустон кој го добива уште Клинт Капел, додека Санс добиваат шест кошаркари и еден пик на драфтот. Најголемите имиња кои Санс ги добиваат се Дилон Брукс и Џејлен Грин.

Токму Санс и Рокетс се главните тимови во трејдот, сите останати франшизи добиваат или пикови или менуваат важни кошаркари во ротацијата.

Секако најважното е доаѓањето на Дурант во Рокетс откако во изминатата сезона во Феникс имаше 26.5 поени по натпревар, а неговата соработка со Девин Букер очигледно не функционираше бидејќи не беа ниту блиску да го нападнат финалето на западот.