Јокиќ со пиво ја прослави победата на неговиот коњ (ВИДЕО)

Најдобриот српски кошаркар и ѕвезда на Денвер нагетс, Никола Јокиќ викендов беше во Србобран на традиционалната трка со коњи.

Коњот на Јокиќ, Арагорн учествуваше на една од трките и успеа да победи, а кошаркарот ја следеше трката покрај патеката и потоа прослави со победа.

Србинот е познат како голем љубител на коњи и често за време на летната пауза се враќа во татковината да ужива.