
Куртоа не се сложува со Нојер: Донарума не сакаше да го повреди Мусиала!
Нојер го обвини Донарума дека тргнал да го повреди Мусиала, односно не бил внимателен во стартот, меѓутоа Тибо Курота не се сложува со неговиот колега.
„Веднаш се забележа дека е тешка повреда. Да го обвините Донарума не е во ред, зашто ние одиме по топката, исто како и напаѓачите. Никогаш не може да предвидите што ќе се случи. Не треба да го обвинуваме Донарума“, кажа Куртоа.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.