
Даниела Алексовска поразена во првата полупрофесионална борба
Македонската претставничка беше поразена со технички нокаут од Ејбха Круз од Република Ирска. Во првата рунда Алексовска добро се држеше и успеа да ја донесе борбата на земја што ѝ одговара, се обиде и да направи зафат, но не успеа. Ирската натпреварувачка во финишот на рундата возврати со неколку удари.
И во втората рунда тргна добро Алексовска и зададе неколк удари, па одново борбата беше спушена на земја. Но, слично како и во првата рунда, финишот припадна на Ирката која во тие моменти со повеќе удари дојде до предност.
Во третата и одлучувачка рунда Круз тргна агресивно и дојде до подобра позиција, а набрзо по ударите кои ги прими Алексовска судијата ја прекина борбата.
За македонската натпреварувачка ова беше прва борба на полупрофесионално ниво, бидејќи досега се бореше само аматерски каде што стана и европска шампионка.
Фото: __danialex__/Instagram